среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Прифатени четири амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-буџетот

Комисијата за финансирање и буџет на вчерашната седница за Предлог-буџетот за 2018 година прифати четири амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и два од пратениците на БЕСА. За време на вчерашната расправа која заврши околу 21 часот, беа разгледани околу 170 амандмани од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса.

Комисијата ги прифати амандманите што се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски систем во Неготино, решавање на проблемот со депонијата во Струга, изградба на детски парк во Нерези, Општина Карпош.

Денеска продолжува амандманската расправа, а остануваат уште околу стотина амандмани кои треба да бидат разгледани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top