среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Одобрено обвинението за „Титаник 2“

Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“, што се однесува на изборни нерегуларности.

Во случајот осомниечени се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, и Сашо Срцев, како и петмина судии од Управниот суд. Се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувањето поврзано со изборните нерегуларности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top