среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Ќе се формира Европски монетарен фонд

Европската комисија предложи пакет мерки за реформирање на еврозоната и зголемување на нејзината отпорност на идните кризи. Меѓу нив е и предлогот спасувачкиот фонд на еврозоната

– Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) да се трансформира во Европски монетарен фонд (ЕМФ). Задачата на ЕМФ би била да обезбедува кредити за земјите членки, кои имаат финансиски проблеми, но би можел да развие и нови финансиски инструменти што би биле користени за давање дополнителна помош на членките погодени со финансиски проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top