среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 98 ново

Инцидент во обложувалница во Ѓорче: Агресивен скопјанец го скршил излогот, удирал и по апаратите

Агресивен скопјанец во вторникот направил инцидент откако удрирал по апаратите во обложувалница која е лоцирана во населбата Ѓорче Петров. Причината за агресивното однесување на скопјанецот било доцнењето на системот, а тој се обложил во живо и бил во исчекување на резултат за добивка.

Лицето почнало да удира по апаратите, а бесот го истурил и врз изложното стакло од објектот. Вработените од обложувалницата ја повикале агенцијата која го обезбедува објектот, а тие биле и известени дека на проблематично лице му се придружила група од дваесетина луѓе.

Во објектот пристигнале неколку патроли, а менаџерот на обложувалницата поради настанатата ситуација ја известил скопската полиција. Настанот го превзела полицијата која направила увид и записник, а лицата кои го предизвикале нередот биле легитимирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top