среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 105 ново

Фонсека се маскира во Зоро

Тренерот на Шахтјор Доњецк, Паоло Фонсека на прес-конференцијата по триумфот над Манчестер Сити се појави во костум и маска на Зоро.

Фонсека кој го носи прекарот Зоро, вети дека ако Шахтјор ја помине групната фаза ќе се маскира во познатиот филмски јунак, и го оствари ветувањето.

– Од првиот ден повторувам дека верувам во својот тим и во пласман во плеј-офот. Зошто токму Зоро? Пред „денот на вештерките“ еден новинар ме праша како ќе се маскирам и јас му одговорив дека токму како Зоро. И еве ме сега пред вас облечен на овој начин. Малку е рано да ме прашате што ќе направам, ако Шахтјор дојде до финалето, коментираше Фонсека.
Шахтјор како второпласиран обезбеди осминафинале во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top