среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Четири лица повредени во четири сообраќајки вчера во Скопје

Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на  вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајни несреќи била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло и седум возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи, сите поради тоа што возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Од сообраќај биле исклучени седум возила, шест со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и 23 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 99 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 79 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top