среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Елена Ристеска, Игор Џамбазов и нова рап-битка (ВИДЕО)

Не смеете да го пропуштите најновото издание на „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела во 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија.

Во него гостува легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата прекрасна пејачка Елена Ристеска, а се разбира, двајцата имаа што да кажат и да раскажат.

Игор зборуваше за неговите многубројни животни анегдоти, а исто така и Елена отворено зборуваше за она што и се случува во нејзината кариера, за идните планови и уште многу други интересни содржини.

Во новата „Еден на Еден“ ќе имате прилика да го слушнете Игор и Елена во дует како ја изведуваат нумерата „Те сакам“.
Погледнете што ве очекува во недела во 18:50 часот на „Канал 5“:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top