среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 102 ново

Јункер пак се збуни: Македонија, ФИРОМ, Скопје… не знае кај бил (ВИДЕО)

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер денеска се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев, по што одржаа заедничка прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата Јункер кажа дека вратата за членство во ЕУ е отворена за земјите од Западен Балкан, а притоа го искористи уставното име на Македонија.

По тоа следуваше брзо поправање и на сугестија на еврокомесарот Хан се поправи дека наместо во Македонија, бил во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top