среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски удри со скандалозен речник по Душко Млекарот: Уште пушиш од марихуаната што ја садеше во редови… матарка една!

Душко Млекарот, т.е Душко Илиевски кој беше еден од главните ликови кои СДСМ ги користеше во опозициските денови, сега е жестоко навредуван од член од највисокото раководство на владејачката партија.

Имено, Генералниот секретар на СДСМ и пратеник на партијата, Кирацовски употребувајќи вокабулар кој никако не личи на еден народен избраник, со скандалозни навреди удри по Душко млекарот.

Кирацовски во пораката до Душан Илиевски на Вибер, испратена на 26 ноември оваа година пишува: „После овие глупости што ги тресеш, гледам дека или не ме познаваш доволно или си будала, или уште пушиш од марихуаната што ја садеше во редови… матарка една“.

Пораката ја објави Илиевски на социјалните мрежи и го покажа вистинското лице на пратеникот и висок функционер на СДСМ.

-Кирацовски е секретар на нашата партија и тој беше што ме бранеше дека не сум садел марихуана, а сега ме обвинува дека сум садел марихуана. Дали му доликува на ваков секретар што му го извадив криминалот и јавно го обелоденив, напиша на Фејсбук, Душан Илиевски.

Само за потсетување, во 2010 година кога беше уапсен Илиевски поради одгледување марихуана, тогаш опозициската СДСМ тврдеше дека станува збор за политичко-  полициска монтажа, во која Душко Млекарот бил жртва на власта на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи зборувал против неа.

Самите си ги покажаа лагите, доказот сами го извадија на виделина. Поточно нивниот генерален секретар, Александар Кирацовски, кој сега лично го прашува Душко млекарот, дали пуши од тревата која ја засадил, потврдува дека ширеле лаги и дезинформации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top