среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 105 ново

Нермин Теловска: Тука сме и тука ќе бидеме се додека не се задоволи правдата!

Голема неправда се случува, се гонат луѓе политички, бесправно, незаконски, луѓе, наши сограѓани, уметници, актери, наши вредни пратеници. Ова е срам за сите кои што го прават ова, но и за сите нас бидејќи ние ја правиме сликата на Македонија, Македонија во која е погазена демократијата, ова вечерва на протестот пред Министерството за правда го истакна Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да се засрамиме сите, ќе се срамат нашите деца и внуци, им порачуваме на власта да престанат со овој политички прогон, а ние нема да застанеме тука и нема да замолчиме. Ќе направиме се што е во наша моќ, а тие треба да размислат што прават и што сакаат да постигнат со ова, дали нивното ветување за економски развој и за реформи кои ги најавуваат, реформи со кои Македонија треба да се доближи до светот е лага на векот, дали нивната цел е да се уништи патриотското чувство на Македонецот за Македонија? Дали нивната цел е да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ како единствена патриотска партија во оваа држава? Нема да им успее тоа, нема да го срушат нашето чувство и љубовта кон нашата татковина. Тука сме и тука ќе бидеме се додека не се задоволи правдата, вели Теловска.

Таа додава дека мора да се пуштат на слобода и да не се гонат недолжните луѓе, а ова срамна одлука за притвор на пратениците ќе ја споделиме и со целата меѓународна јавност.

-Секој нека ја дознае вистината, овој политички прогон е голема срам за цела држава, слобода за сите, за сите наши патриоти, за сите наши чесни граѓани, слобода за Митко Чавков кој беше успешен министер и својата енергија и целото свое знаење го насочуваше во откривање на криминалот. Зар сега тој заслужува да се нарекува терорист? Ова е жално, ова е срамота, зар Игор Дурловски тоа го заслужува? Зар нашите пратеници го заслужуваат тоа, или тоа му одговара на некого за да носат лесни одлуки и штетни договори кои се на штета на Македонија? Повикуваме да се освестат властите што го прават овој политички прогон и да го прекинат, потенцира Теловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top