среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Од театарските штици до ќелија по желбата на Заев

Кога ненормалнот станува нормално,  знаеш дека си во период во кој нема правила, нема закон, нема процедура, се е во хаос. Таква  ситуација имаме последниве месеци во Република Македонија.  Новата власт која после 11 годишна опозиција дојде на власт почна пресметка со секој еден кој во изминативе години немал ист став со нив. На отстрел се најдоа голем број на јавни личности, актери, глумци, политички неистомисленици. Една од жртвите на како што деновиве популарно ја нарекуваат „Хунтата“ е и доајенот на македонското актерство, Владо Јовановски, кој во монтиран судски случај е обвинет за тероризам, само затоа што мирно протестирал 80 дена со иницијативата „За заедничка Македонија“ во одбрана на уставниот поредок на државата

На 28 ноември Јовановски беше дел од 36-те искрени патриоти, актери, уметници, режисери, кои завршија зад решетки само затоа што не се на иста бранова должина со новата власт. Теророт врз оние што размислуваат различно е жесток, типичен за секоја хунта. Правото е девалвирано, а правната држава деградирана. Правосудството како по принцип работи по дикатат. Тоа се гледа и по делото кое им се става на товар – тероризам, да во некое нормално време ова ќе влезе во рубриката „верувале или не“ , но сега овие луѓе се соочуваат со конструирани обвиненија за дело кое воопшто не ни помислиле да го сторат, а не пак да го сториле.

Кој е Владо Јовановски и зошто и пречи на власта?

Јовановски е роден во 1967 година во Пробиштип, завршува драмски факултет во Скопје, на Факултетот за драмски уметности. Член е на  Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година. Во текот на својот работен век учествува во голем број на театарски претстави и филмови. Триесет годишната кариера го прави миленик на македонската публика, Јовановски е лик со кој пораснаа многу генерации од 90-та навака.

Едни од поголемите улоги на Јовановски во изминатиов период беа во филмовите режирани од познатиот македонски режисер Милчо Манчевски, „Прашина“ и „Големата вода“,  „Бал-кан-кан“ и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Јовановски играше и во „Словенски Орфеј“, „Светло Сиво“, „Македонска сага“, „Ангели на отпад“, „Збогум на 20-тиот век“, „Вета“, „Илизуја“, „Тајната книга“, „Соба со пијано“, „Деца на сонцето“, „Ослободувањето на Скопје“ и серијалот „Преспав“.

Јовановски е познат на публиката и по серијалот „Истражи ја Македонија“ , серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на македонските телевизии, е финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне Македонскиот туризам.

Јовановски, им се приклучи и на протестите на „За заедничка  Македонија“ иницијатива која мирно протестираше на улиците низ Скопје, повеќе од 80 дена, барајќи зачувување на уставниот поредок на државата и се изјасни децидно против Тиранската платформа и политиките на СДСМ за спроведување на истата.

За што е обвинет Јовановски?

Власта во монтиран случај обвинува 36 македонски патриоти за тероризам, ова е своевиден апсурд на 21 век  и претставува озживување на инквизицијата во срцето на Европа, од една власт која од уста не го вади зборо демократија и владеење на правото, а на длео го работи токму спротивното, вршејќи брутален притисок и втерувајќи страв во секој еден кој не бил на иста страна на СДСМ.  

Оттука луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело, луѓе кои се посветиле на својата професија и афирмација на државата во странство, се наоѓаат во притвор, а осудените за „Монструм“ се пуштени на слобода со обврска двапати во неделата да се јавуваат во суд. За обвинетите од Диво Насеље се заговара мегународна истрага, за можно ослободување, а искрени патриоти се ставени во притвори, да бидат во ќелии со сторители на тешки кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top