среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 102 ново

Полна јакна кашкавали: Еве како се краде од маркет во Куманово (видео)

Во текот на денешниот ден, крадец од Куманово се решил од еден од локалните маркети да се снабди со кашкавал, па се обидел од продавницата да излезе со полна јакна пити од овој производ.

Вработените од маркетот забележале дека полицата останала полупразна, по што повикале полиција и ја пријавиле кражбата. За неполн час крадецот бил фатен и вратен во маркетот за да го идентификуваат, а на прашањето каде се производите кои ги украл, тој одговорил дека ги продал на непознато лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top