среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 101 ново

Србија барала корекција на границата со Босна на четири места

Србија сака да ја корегира границата со Босна и Херцеговина на 4 места – ХЕЦ Зворник, кај Баина Баста, железничката пруга Белград-Бар и во регионот на општината Рудо. Ова го изјавил претставникот на босанската погранична комисија, Жељко Обрадовиќ.

Прашањето за границата помеѓу Србија и Босна и Херцеговина ќе биде на агендата на денешните разговори меѓу членовите на двете влади во Белград, рекол босанскиот министер за надворешни работи, Игор Чернадак.

„Би било добро да се постигне договор. Ова ќе биде силна порака за идното пријателство и олеснување во односите меѓу Босна и Херцеговина и Србија, но исто така и меѓу босанскиот и српскиот народ“, рекол Карнадак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top