На денешен ден пред 6 години почина Гоце Арнаудов, едно од најголемите музички имиња во македонската фолк музика. Пејачот почина на 52-годишна возраст од рак на белите дробови.
И шест години по смртта на Арнаудов, неговата публика се сеќава на неговите најголеми хитови: „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“…
Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. На десетгодишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршување на средното училиште ја формирал групата „Крик“ со која настапувал низ цела поранешна Југославија. Се вратил во Македонија во 1993 година, а следната 1994 година на „Фолк фест Валандово“ ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајциче“.
Има испеано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, а на преку 60 од нив освоил прво место. Во 2000 година во родната Струмица направил концерт на градскиот стадион со 10 илјади публика, по што ја добил и наградата за пејач на деценијата и за почесен граѓанин на Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новинар застрелан во главата додека пренесувал протести во живо (вознемирувачки снимки)
-
Ќе ве наежи моќната песна на македонски лавови од Австралија (ВИДЕО)
-
Избегната трагедија во шпанското дерби: Американецот се сруши на теренот, па итно е префлен во болница (ВИДЕО)
-
Два гола во последните 30 секунди: Македонската гордост Вардар го победи Кил во Германија (видео)