среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 104 ново

Поради пресудата за Праљак загрозен животот на новинари во Хрватска – им се закануваат со смрт и силување

Претсавникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Харлем Дезир, денеска ги повика властите во Хрватска и Босна и Херцеговина да го истражат големиот број на закани за новинарите и да се осигураат во нивната безбедност.

Заканите со смрт следувале веднаш после пресудата на Хашкиот трибунал.

-Најостро ги осодувам сите закани упатени кон новинарите, а особено они кои сметаат дека ќе ги замолчат новинарите. Властите имаат обврска да осигураат услови за новинарите да работат безбедно, а лицата кои им се закануваат да бидат процесуирани – навел Дезир во соопштението.

Во соопштението се наведува дека новинарите од хрватскиот портал „Индекс“ примиле голем број сериозни смртни закани преку друштвените мрежи, а дека новинарите од Босна од телевизијата „Ал Џазира“ и порталот „Тачно“ бле мета на закани со смрт и силување.

Сите закани се пријавени во полиција во двете земји.

-Ги повикувам властите што побрзо да ги истражат овие закани и напади – рекол Дезир и потсетил дека новинарите имаат право да известуваат за тешки теми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top