петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 6 ново

Јавноста загрижена за безбедноста на најубавото девојче (видео)

Анастасија Књазева е најубавото девојче на светот. Има само шест години, а нејзиниот профил на Инстаграм, кој го води нејзината мајка Ана, го следат повеќе од половина милион луѓе.

Приказната за најубавото девојче на светот почна кога Анастасија имала четири години. Тогаш нејзината мајка отворила профил на Инстаграм и почнала редовно да ги објавува нејзините фотографии, а кога јавноста ја забележала поради нејзината неверојатна убавина, приказната букнала и станала многу сериозна.

Анастасија станала професионален модел, веќе учествувала во многу кампањи, па нејзината мајка продолжила редовно да го полни профилот со професионално снимени фотографии, како и со по некоја фотографија од приватната колекција – додека си игра со братот, со играчките, односно, во нејзиното класично домашно издание.
Но, иако јавноста се уште е маѓепсана од убавината на ова несекојдневно девојче, се погласни се оние кои изразуваат стравување дека таквата кариера би можела многу да му наштети на девојчето, но и на другите.

-Без оглед на тоа што јавноста мисли за неа, факт е дека прогласувањето на некого „најубавото девојче“ воопшто не е здраво, како за неа така и за останатите девојчиња на светот кои можеби ќе посакаат да бидат како Анастасија. Тоа може многу да влијае на нивната самодоверба, како и на самодовербата на самата Анастасија. Таа се уште е само дете и така би требало и да остане. Барем уште извесно време, се пожалиле некои нејзини обожаватели под фотографиите, а особено на оние на кои Анастасија е нашминкана. Тие тврдат дека во индустријата во која битна е само убавината ќе ја уништи пред самата да може да одбере со што ќе сака да се занимава во животот.

„Колку козметика ставаат на тоа јадно дете“, „Таа е само дете, што и правите?!“, се коментарите од корисниците кои никако не се воодушевени од толку млади модели.

А, сето тоа не е единствениот проблем од која јавноста се плаши.

-Профилите на кои главни ѕвезди се убавите деца се непристојни во денешно време во кое педофилите демнат од сите страни, а некои родители, како мајката на малата Анастасија, им даваат со фотографиите уште поголем повод.

Децата би требало да бидат деца и да уживаат во својот живот, далеку од камерите и социјалните мрежи.

Пред неа титула на најмладо и најуспешно девијче ја имаше Французинката Тилан Блондо, која денес има 16 години и се уште се бави со моделство, па малата Анастасија ја прогласија за нејзина наследничка. Анастасија изгледа како кукла, со кристално сини очи, светлокафеава рамна коса, светол тен и румени усни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top