вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Владимир Четкар ќе настапи на џез-фестивал во Тајланд

Џез-музичарот Владимир Василевскi – Четкар на 9. и 10. ќе одржи два концерта на Thailand Smile Jazz Festival на тајландскиот остров Самуи, кој е меѓу најголемите музички фестивали во тој дел од Азија.
За Четкар тоа ќе биде трета турнеја по ред оваа година во Тајланд. Тамошните медиуми македонскиот музичар го издвојуваат како еден од најквалитетните интернационални артисти кој со својата работа ги ревитализирал асид џез, фанк соул и диско жанровите.

На концертите Четкар повторно ќе се претстави со комплетна авторска музика, а ќе биде придружуван од популарниот тајландски џез фјужн состав Фанкшн (Function).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top