вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Во ДИК за 18 месеци зеле 30 плати, три од нив за неодржаните избори

Државната изборна комисија со еден месец задоцнување вчера ги објави одлуките за исплатата на бонуси донесени на затворени седници.

Членовите на ДИК вчера ги задолжија службите во Комисијата оваа одлука да ја објават на веб страната откако информацијата за бонусите предизвика жестоки реакции кај јавноста.

Според Одлуката за исплата на надоместоците за спроведувањето на последните локални избори и Правилникот за определување на надоместоци, донесена на затворена седница на 16 ноември, членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати.

Четири дополнителни нето-исплатени плати добиле претседателот на ДИК Александар Чичаковски, заменик-претседателот Реџеп Прекопуца, како и членовите на комисијата Атана Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Сабхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева.

Бедредин Ибраими, предложен од ДПА, и Салија Асани, која седна на неговото место предложена од БЕСА, добиле дополнителни две нето-исплатени плати во последниот месец.

За закажаните, а неодржани избори во април минатата година, членовите на ДИК си поделиле три плати. Пет плати бонус, пак, зеле за предвремените парламентарни избори.

При носењето на одлуката за бонусите за локалните избори, од седницата била отстранета службата за информирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top