вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 62 ново

Русија исклучена од ЗОИ 2018

Меѓународниот олимписки комитет не и дозволи на Русија да учествува на зимските Олимписки игри во Пјонгјанг идната година. Причината за ова е државниот систематски допинг спроведен на Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

Па, така Рускиот олимписки комитет е суспендиран од страна на Меѓународниот комитет меѓутоа им дозволи на руските спортисти кои ќе докажат дека не употребувале недозволени супстанции да се натпреваруваат на Олимписките игри во февруари како неутрални.

Тоа е одлуката на ИОЦ на денешниот состанок на кои требаше да одлучат дали ќе им простат на Русите и ќе им дозволат да се натпреваруваат во Пјонгчанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top