вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Од хотел украл 80 радијатори, два бојлери, шпорет, лонци, чајници, чаши

Секторот за внатрешни работи Битола- НК за КР Ресен до ОЈО Ресен поднесе две кривични пријави, против 19 годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – тешка кражба и тешка кражба во обид, и против 33 годишно лице од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. Пријавениот на 02.01.2017 година во с.Лавци, со употреба на хебла насилно влегол во три куќи и предизвикал вкупна материјална штета од 370 000 денари.

Другото лице во временски период од 12.06.2017 година до 14.07.2017 година, во повеќе наврати преку влезната врата влегувал во хотел „Китка“ во Ресен, и со одвртување и сечење одзел околу 80 радијатори, а од кујната одзел два бојлери на струја од 80 литри, електричен шпорет, алуминиумски лонци, алуминиумски чајници, росвајтни чаши и друг кујнски прибор. Пријавениот одземените предмети ги продавал во Ресен и Охрид, а со преземените дејствија предизвикал вкупна материјална штета од 120 000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top