среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 103 ново

Ако некој ја види нека пријави – исчезна професорка од Скопје!

На социјалните мрежи денеска се испраќа апел за помош за исчезната жена од Скопје.

Исчезната е Сnежана Тројачанец, слаба, висока со сини очи.

-Драги пријатели, Ве молам помогнете. Утрово е исчезната мојата најсакана Снежана Тројачанец. Пред 7ч. Слаба, висока со прекрасни сини очи. Најверојатно е во пиџами и кафена јакна. Ве молам ако некој ја препознае, јавете. Населба Тафталиџе – стои во објавата.

Тројачанец е професорка на факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и член на заедницата на Хрватите во Македонија.

Ако некој ја види нека пријави во полиција или нека објави на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top