среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 12 ново

Јункер и Меј не се договориле целосно за британскиот Брегзит

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска соопшти дека се уште не е постигната целосна согласност со Британија за натамошните чекори во процесот на нејзиното напуштање на Европската унија.

Јункер денеска се сретна со британската премиерка Тереза Меј, по што изјави дека очекува разговорите да продолжат при крајот на неделата.

– И покрај големите напори и напредокот постигнат во изминатите денови, има потреба од дополнителни преговори. Денес ги приближивме нашите позиции, а подготвени сме да ги продолжиме преговорите подоцна неделава. Тереза Меј е тежок соговорник, таа енергично ја штити позицијата на Британија, а и јас го правам истото во име на ЕУ – изјави Јункер.

Според Меј, во преговорите бил постигнат голем напредок, но остануваат некои разлики во ставовите. Меј четири часа преговараше со Јункер – далеку повеќе од превидениот рок за оваа средба, а потоа замина на средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Британија и ЕУ преговараат за нивните идни односи по британското напуштање на ЕУ. Клучни прашања се трговските односи, надоместот што Британија треба да и го плати на ЕУ за превземените долгорочни буџетски обврски, статусот на државјаните на земјите членки на ЕУ што живеат во Британија и регулирањето на границате меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top