вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Две награди за филмот „Кога денот немаше име“ во Белград и во Мостар

Македонскиот филм “Кога денот немаше име” во последните десет дена се закити со уште две престижни награди.

На штотуку завршениот 23 Фестивал на Авторски Филм во Белград, македонскиот филм ја доби престижната награда на филмските критичари ФИПРЕСЦИ. Во обајснувањето од страна на тричленото жити во состав Томислав Гавриќ, Др. Весна Периќ и Драган Јовановиќ велат: Македонско –  Словенско – Белгиската копродукција се одликува со сигурна режија, одлична работа на камерманот и компактна драматургија, кој наспроти цикличната структура на приказната, во која се знае крајот на самиот почеток, го вовлекува гледачот до самиот крај. Пред нас видовме дистописка, прецизна дијагноза на етнички и социјално раслоено општество, кое кореспондира со нестабилната реалност на Балканот. 

“Кога денот немаше име” наиде на одличен прием во Белград и од страна на публиката и од страна на критичарите, каде добива и одличен осврт во Политика, каде долгогодишната филмска критичарка Дубравка Лакиќ го најавува излегувањето на филмот во кино салите во Србија.
Минатата недела на 11-то издание на Мостарскиот Филмски Фестивал, специјализиран за глума, наградата за дебитанско остварување му беше доделена на актерскиот анасамбл од филмот “Кога денот немаше име.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top