недела, 22 април 2018 | Вести денес: 39 ново

Кошаркарката Едина Муса е 12-та во светот со најубаво фитнес-тело (фото)

Познатата кошаркарка Едина Муса, која е и познат персонален фитнес-тренер, го освои 12 место на Светското фитнес-првенство во Франција. Годинава Светското првенство во фитнес (2017 IFBB WORLD FITNESS CHAMPIONSHIPS) се одржува од 1 до 4 декември во Бијаритс, Франција, а Едина беше претставник од Македонија.

За овој натпревар таа се спремаше цела година. Во Франција ја придружува менаџерот Никола Боглев, кој воедно е единствен делегат од Македонија.

Едина Муса е ќерка на Амди Муса, тренер по кошарка на младинскиот тим „Водњански лисици“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top