среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 104 ново

Синдикатот на „Фени“ го блокира патот Градско – Прилеп поради неисплатени плати

Членови на Синдикатот на „Фени“ го блокираат патниот правец Градско-Прилеп, поради две неисплатени плати.
Патот Градско-Прилеп ќе биде блокиран од 12 до 14 часот, а сите кои планираат да патуваат натаму во овој период, а немаат неодложни работи, да се воздржат од транзит по оваа делница, информираат од Синдикатот на „Фени“.

Претседателот на синдикатот Ѓоре Палитов за подоцна најави прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top