среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 93 ново

ВМРО-ДПМНЕ свикува Конгрес на 23 декември

ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември ќе го свика партискиот Конгрес. Информацијата официјално ја потврдија од најголемата опозициска партија, објави телевизија Сител.

На Конгресот, ќе се разгледува оставката на Партискиот претседател Никола Груевски, кој пред неколку дена најави дека си заминува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата смена и евентуалниот избор на нов лидер треба да ги потврди највисоко партиско тело Конгресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top