среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 98 ново

Вардар го „згази“ Кристијанштад

Актуелниот европски и македонски ракометен шампион Вардар делуваше моќно на вечерашниот дуел со шведски Кристијанштад завршувајќи ја 2017 година со убедлив триумф од 31-15.

За „црвено-црните“ ова беше осма победа во 10. настап сезонава во Лигата на шампионите.

Отпорот на Швеѓаните во СЦ „Јане Сандански“ траеше само тринаесетина минути, по што проработи вардаровиот напад, а одбраната вообичаено цврста. На полувреме се отиде со резултат 14:8.

На почетокот на вториот дел домаќините направија серија од 4:0. Кристијанштад првиот погодок во второто полувреме го постигна во 9.минута. Вардар продолжи со атрактивна игра, ефикасен напад, а под водство на Арпад Штербик гостите беа спуштени на само седум голови за едно полувреме.

Штербик средбата ја заврши со 18 одбрани, најефикасен беше Тимур Дибиров со 7 погодоци, Игор Карачиќ даде 5 голови.

Вардар на овој начин ја продолжи серијата од 15 натпревари во ЛШ без пораз.

Идната 2018 година „црвено-црните“ ја дочекуваат на врвот на табелата во А-групата со 18 бода и големи шанси за директен пласман во четвртфиналето од елитното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top