среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 98 ново

Цинизам и лицемерие

Михајло Маневски

 

Каква безобразна дрскост. Зоран Заев злонамерно и со невиден цинизам беззаконието и насилството што се случува деновиве во врска со настаните во Собранието од 27 април го квалификува како “микрокриза“. Со ваков цинизам Зоран Заев се однесува како апсолутен господар и се подбива со вознемирената јавност за невиденото насилство што се врши со приведување и барањето за определување на притвор на 36 лица за едно од најтешките кривични дела Тероростичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

“Микро криза” ли е да се монтитраат 36 случаи на политички прогон и да се бара притвор за толку лица, а досега се определи притвор на над 22 лица без причини за конструирано кривично дело? Толку голем број ”терорости” би билo премногу и за сто пати поголеми држави од нашата, кои во најмала рака би прогласиле вонредна состојба и би го подигнале степенот на безбедност на највисоко ниво.

“Микро криза” ли е да се одземе имунитет на 6 пратеници за само 5 минути или на 11% од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата? Толкава ли е вредноста на народниот пратеник, кога за шест пратеници на кој им е одземен имунитетот им се посветени цели 5 минути? Со ваква одлука многу повеќе се девалвираат тие што гласаа за ова одлука и дваицата експоненти од коалиционите партнери СДС и ДУИ со нивните бесрамни говори.

“Микро криза” ли е да се применува грубо насилство при претрес на домовите на лицата и ставање на лисици на рацете пред нивните  расплакани и вознемирени малолетни деца и растреперени стари родители, иако не пружале никаков отпор на полицијата?

“Микро криза” ли е повеќе пратеници да се држат и по 20 часа со лисици на рацете, без да се почитуваат нивните елементарни права загарантирани со Уставот и без да им биде симнат нивниот пратенички  имунитет?.

“Микро криза”ли е приведени лица неовластено се снимаат во судница со лисици на раце, па и во затворот каде ја издржуваат мерката притвор и тие снимки да се ставаат на електронски портали и профили, па дури и од претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања?

Знаат ли овие наредбодатели и извршители што е презумпција на невиност, знаат ли за гарантирани човекови права и слободи? Знае ли Зоран Заев што е човешко достоинство, кое најгрубо се гази со што се охрабрува насилството? Знаат ли наредбодавците дека незаконското држење на пратеници со лисици на рацете и по 20 часа е кривично дело противправно лишување од слобода од член140, а неовластеното снимање кривично дело од членот 152 од Кривичниот законик. За Зоран Заев сето ова што се служува е само “микро криза”!?

Политичка хајка и грубо насилство и тортура

 

Ова што се прави е невидена хајка и најгрубо насилство со кршење на уставните и законски права и реваншизам со мамутски димензии. Чесни граѓани, родољуби и патриоти и врвни интелектуалци, кои го искажале своето мислење и

ја бранеа својата држава со песна, се најдоа зад решетки, а терористи останаа на слобода. Целта е да се сотре сè што поинаку мисли, сè што го искажува македонскиот патриотизам, да се заплаши народот, да му се затне устата и да се стави во пранги. Како во најцрните диктатури поставена е закана: ќе мислите како нас или ќе ве сотреме.

Цело време зборуваа за партизирано судство, а сега се гледаат резултатите што ги направија за неколку месеци. Со огромни закани, судството го заробија и го ставија во подредена положба за остварување на нивните мрачни политички цели. Се врши противзаконит избор на претседатели на судови и судии кои не ги исполнуваат законските услови за избор, спротивно на Законот за судовите и Законот за судскиот совет. На последниот срамен избор, јавно реагираа и некои судии, додека Здружението на судии молчи, како да не постои и со тоа се става во служба на политиката, а не на заштита на судиите изложени на невидени закани.

Се удира и по сите институции од областа на културата. Како во времето на тајната полиција на озлогласениот Гестапо, министерот Роберт Алагозовски ги задолжува раководителите на сите национални установи да бидат кодоши и да ги известат надлежните органи за каква било информација за вмешаност и учество на вработените во установата во “крвавите настани и упадот” во Собранието на 27 април и ги задолжува да покренат дисциплинска постапка против нив. Сите културни работници сега треба да бидат кодоши и сите се под присмотра, да им се влее страв во коските. Ама актерите и културните работници се слободоумни и храбри луѓе и нема да ги заплашат со  никакви закани. Ова злосторство што се чини може само да ги охрабри. Што ќе им направеше  овој наш  контраверзниот гол министер за култура на 12 илјади музичари, режисери и диригенти кои во Барцелона одржаа концерт во подршка на притворените Каталонски политичари? Сите ќе ги обесеше! Толку му сече паметот.

Спроведе невиден терор врз медиумите. Машинеријата за фабрикување на лаги од преку 120 вработени лица е составена според Гебелсовскиот модел. За кусо време најголемите непријатели на Зора Заев во медиулите. кои ги посочи по име, станаа негови најголеми пријатели, а еден од тие медиуми без сомнение најсервилен му ги лиже нозете лигавејки се секој ден и се повеќе.

 

Длабоката политичка криза не може да  се минимизира

 

Зоран Заев се обидува целосно да ја минимизира и oбезвредни длабоката политичка криза и на настаните им придава сосема мало значење. Многу цинична и лицемерна  е неговата изјава дека Владата создавала услови за градење на национален консензус. За каков консензус зборува Зоран Заев? Не само што Владата не создава услови за национален консензус, туку го продлабочува јазот и недовербата. Приведување и определување на  притвор на токлу многу лица за измислено кривично дело теророистичко загрозување на уставниот поредок, притисокот и влијанието на судиите и обвинителите, на културните работници и на граѓаните, преставува врв на непочитување на елементарните човекови права и слободи и најгрубо насилство над институциите и демократијата.

Длабоката политичка криза која Заев се обидува да ја минимизира, не е основ за градење на национален консензус, туку води кон разградување на државата. Сето ова што се случува е само смислено сценарио да се заплаши народот, да биде мирен, да биде понизен и понижен, да не реагира за тоа што му токми ова Влада, а тоа е промена на името на државата и бришење на македонскиот народ и неговиот идентитет. Сите треба да се замолчат и да не реагираат кога пред очи им се руши државата и се врши велепредавство. Сите институции и граѓани се во присмотра и несмеат да писнат. Ова што го прави Зоран Заев  е класична диктатура на еден голем диктатор.

Ќе успее ли велепредавството на овој диктатор зависи од народот. Народот секогаш знаел и во најцрните времиња низ вековите како да ја брани државата. Се надевам дека велепредавството на големиот диктатор нема да успее, дека ќе преовладее разумот, народот ќе си ја сочува државата, а велепредавниците ќе му одговараат на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top