вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Штербик: Не можев да го одбијам Веспрем

Арпад Штербик и официјално потпиша двегодишен договор со Веспрем. По завршувањето на оваа сезона искусниот голман се враќа во тимот за кој играше од 2001 до 2004 година.

Во интервју за официјалниот сајт на унгарскиот тим вели дека е среќен што одново ќе го облече дресот на Веспрем.

Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам Веспрем. Во мојата кариера секогаш се борев за највисоките цели. Станува збор еден од најдобрите тимови во Европа, затоа ја прифатив оваа понуда. Тука имам многу пријатели, едноствано се чуствувам како дома. Сакав да бидам поблиску до дома, за моите деца подобро е да живеат во Унгарија. Едвај чекам да играм пред фановите, да се вратам во Арената, вели Арпад Штербик во интервјуто за официјалната страница на Веспрем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top