петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 5 ново

Нема да ви се верува кој се враќа на сцената со „Чиста љубов“

Хрватската играна продукција повторно се пробива во македонскиот етер. Од вечерва започна да се емитува хрватската ТВ-новела „Чиста љубов“, која веќе оствари незапамтен успех во Хрватска, а од неодамна и во Србија, Црна Гора и Босна.

Вниманието несомнено го привлече насловната песна, која како и „Златни двори“ од Колонија станува голем радиски хит. Љубителите на хрватската музика особено ги израдува враќањето на Борис Новковиќ, кој ја исполнува песната.

– Кога авторот Душан Бачиќ ми ја испрати песната, веднаш ми се допадна затоа што има поетичен текст и звук кој потсетува на моите песни од осумдесеттите. Сепак, сето тоа е спакувано во една модерна продукција, а јас се надевам дека ја доловив таа емоција и атмосфера која ја бара овој голем проект, вели Новковиќ за својот ангажман за серијата.

Се бориме Ноа да биде добро-Борис Новковиќ искрено за аутизмот на синот и прекинот на кариерата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top