петок, 23 февруари 2018 | Вести денес: 3 ново

Убиецот Менсон оставил тестамент: На децата не им оставил ништо, се му препишал само на еден човек

Најозлогласениот убиец на 20 век, Чарлс Менсон неодамна почина на 83-годишна возраст, а тој целиот свој имот и пари коои ги заработил додека бил во затвор му ги оставил само на еден човек. Тестаментот наводно го напишал уште во 2002 година, а Менсон му оставил сè на својот пријател Метју Роберт.

Тој на озлогласениот убиец почнал да му пишува од 1997-та година. Се верува дека Менсон, од продажбата на правата на своите фотографии и од маиците со неговото име, заработил 250.000 долари, а сето тоа додека бил во затвор.

Роберт вели дека на Менсон му пишувал од љубопитност, а дека му одговорил дури откако му пратил 50 писма. Продолжиле да комуницираат по телефон, а Менсон, прв пат во затвор го посетил во 2002-та година.

Останале во добри односи, а последен пат го посетил кратко пред смртта на Менсон.

Според пишувањата на дел од американските медиуми, Метрју Роберт не е само пријатен на Менсон, туку негов вонбрачен син, но овие тврдења никогаш не била докажани.

Менсон во текот на 60-тите години во калифорниската пустина ја основал заедницата „Семејство“. Се сметал себеси за реинкарнација на Христос, и поттикнувал следбеници на низа убиства за да предизвика расна војна меѓу црнците и белците, во која, според Менсон, ќе победеле белците.

Тој со четворица следбеници во 1971-та година бил осуден на смрт поради убиство на седум луѓе во август 1969-тата година, меѓу нив и Шерон Тејт, актерка и сопруга на режисерот Роман Полански.

Казните им биле променети во доживотен затвор. Кон крајот на 2014-тата година Менсон побарал дозвола да се ожени со 26-годишната Ефтон Илејн Бартон, но тоа не се случило. Барањето за условна слобода му било одбиено во 2012-тата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top