вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Нема веќе фотографии од деца на Фејсбук од градинки и основни училишта

Негователите и воспитувачите во градинките, како и наставниците во основните училишта, не смеат да објавуваат фотографии од децата и учениците на Фејсбук, објави „Newsroom.mk“.

Како што пишува порталот, тоа ќе можат да го прави само раководството на градинката или училиштното раководство. Ова ново правило ќе биде воведено по реакциите за трендот кој се случува во последните години, Фејсбук да е преплавен со фотографии од малолетници во различни групи или пак, на приватни проифили на воспитувачи и наставници.

До Министерството за труд и социјална политика стасало допис од Дирекцијата за заштита на личните податоци, во кој е наведено дека до нив имало реакции, дека во последниве години е зачестен трендот на објавување на фотографии на деца по социјални мрежи од страна на градинки, училишта и дневни центри, приватни училишта. Имајќи ја предвид сериозноста и обемот на личните податоци кои се објавуваат и фактот дека се работи за деца, Дирекцијата укажува дека е потребно да се преземат мерки за итно постапување со цел заштита на правата на децата, велат од МТСП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top