недела, 19 август 2018 | Вести денес: 52 ново

Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни

Министерството за култура ќе го укине Законот за поддршка на домашната музичка продукција. Почната е постапка за носење нов закон со кој ќе се укинува претходниот со кој се финансираше создавање македонска народна и забавна музика.

-Имплементацијата на Законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, пред сè од причина што иако за избраните композиции се продуцираа аудио и видео записи, истите или не беа воопшто или беа емитувани во мал обем на радијата и телевизиите. Од наведените причини  објективно и не може да се направи евалуација на позитивните ефекти од поддршката на создавање на нови композиции. Со оглед на тоа што аудио и видео записите за композициите не беа во доволен обем достапни на пошироката јавност, се поставува прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавање на нови композиции од областа на забавната и народната музика со средства од Буџетот на Република Македонија, се вели во образложението на Министерството за култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top