вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Македонија со десет каратисти на Светскиот шампионат во Италија

На Обединетиот светски карате шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети што ќе се одржи во Монтекатини од 30 ноември до 3 декември 2017 година, Македонија ќе ја претставуваат десет  натпреварувачи.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:
Дејан Недев – сениори
Аљоша Недев – сениори
Матеј Ангеловски – сениори
Јадранка Недева – сениори
Огнен Тасевски – младинци
Берта Милевска – јуниори
Мила Саздова –кадети
Јана Милевска – кадети
Антонија Белазелкоска – кадети
Јелена Дробниќ – кадети.

Светскиот обединет шампионат во (традиционално, модерно и контактно) карате се одржува по втор пат, првиот историски обединет светски шампионат се одржа 2015 година во Копер, Словенија.

На Обединетиот светски карате шампионат се очекува да земат учество над 1.000 натпреварувачи од 70 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top