петок, 23 февруари 2018 | Вести денес: 3 ново

Алба ја спаси Барса од пораз на „Местаља“, судијата им поништи чист гол на „каталонците“ (видео)

По 13 одиграни кола во најсилната шпанска лига, Барселона и Валенсија остануваат непоразени откако нивниот меѓусебен дуел заврши без победник.

Првото полувреме го одбележа големата судиска грешка – Меси биеше од далечина, Нето не ја фати најдобро топата и таа заврши зад линијата од голот. Иако ја допре земјата и беше внатре скоро половина метар, судии сметаа дека тоа не е погодок. Барселона беше очигледно оштетена.

Резултатот беше отворен во 60. минута кога по убава асистенција од Хозе Гаја, Родриго ја смести топката во мрежата на Барселона за голема радост на Местаља и водство на Валенсија од 1-0.

Барселона тргна поофанзивно кон израмнување, а во една таква игра Валенсија имаше прилики од контра напади да го реши прашањето околу победникот, но откако тоа не се случи примија гол.

Во 82. минута фантастична асистенција на Меси до Алба кој постигнува гол за израмнување на 1-1.

Во самиот финиш Валенсија имаше можност да постигне нов гол кој ќе значеше победа, но Симоне Заза не зафати добро една топка и резултатот остана 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top