петок, 20 април 2018 | Вести денес: 70 ново

Крај на надежите за Италија: Перу сепак ќе настапи на Мундијалот во Русија

Фудбалската репрезентација на Перу сепак ќе настапи на Светското првенство 2018 во Русија. Иако оваа земја беше на чекор од дисквалификација од страна на ФИФА поради мешање на политиката во работата на Сојузот, сепак на крајот е одлучено дека нема да и се скрати учеството на Мундијалот.

Јавноста во Перу успеа да ја натера политичарката Палома Ночеда да го повлече предлог – законот според кој Фудбалскиот сојуз на Перу би бил дел од националниот Институт за спорт, што е спротивно на правилата на ФИФА. Откако таа се одлучи да го повлече предлог-законот, и ФИФА веќе не ја разгледува можноста за дисквалификација на Перу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top