недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Како изгледа селото кое нуди 60 илјади евра за оној кој ќе се досели (видео)

Швајцарското село Албинен стана познато откако објави дека ќе му даде 60 илјади евра на секое четиричлено семејство кое ќе реши да се пресели и тука да живее.

Албинен е мирно место во кое сега живеат 240 луѓе. Поради ниската населеност училиштето било приморано да затвори, па децата посетуваат настава во соседниот град. На швајцарските села им недостасуваат луѓе, а поседуваат се’ останато.

Албинен моментално му нуди на секој поединец околу 20.000 евра. Секој кој ќе дојде со целото семејство може да заработи и до 60.000 евра. Единственото нешто што од вас се бара е да потпишете договор на 10 години и во овој временски период да не го напуштате селото, освен за одредени животни потреби.

Пред да се одлучите да одете, погледнете како изгледа ова село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top