среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Што му пишал Зоран Ѓинѓиќ на Ратко Младиќ?

Зоран Ѓинѓиќ, тогашниот претседател на српската Демократска странка на 28 јуни 1994 година му упатил честитка на генералот Ратко Младиќ во кое му го честита „Денот на војската”, но и ги величи неговите дела, објавуваат српските медиуми.

Според она што стои во честитката се добива впечаток дека Ѓинѓиќ бил голем поддржувач на генералот Младиќ и војската која тој ја предводел.

Хашкиот трибунал ја објави во средата првостепената пресуда за некогашниот врховен командант на војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, со која тој се обвинува за „геноцид врз муслиманите и други воени злосторства”, при што беше осуден на доживотна казна затвор.

Ставот во јавноста во Србија по ова прашање е поделен, додека за едни тој е виновен, за други ова претставува антисрпска пресуда.

Ви го пренесуваме писмото:

„Почитуван г. генерале,

Во името на сите членови и Демократската партија, како и во мое лично име, на сите војници, подофицери и офицери, но и вам лично ви го честитам Денот на Војската на Република Српска.

Војската на Република Српска, создадена во војната за слобода е пример како една мала, но народна војска може успешно да ја зачува државата и да го заштити народот. Без оглед на мировните преговори, чиј успех сите го сакаме, нас ни е потребна силна војска, со цел другата страна да отстапи од намерата да ја продолжи војната.

Се надевам дека српскиот народ, како и Војската на Република Српска веќе следниот Видовден ќе го дочека во мир.

Со почит,

др. Зоран Џинџиќ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top