среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Родители обвинуваат: Во цртанот „Заспаната убавица“ има сексуално злоставување

Британката Сара Хол тврди дека познатата бајка „Заспаната убавица“ им испраќа погрешна порака на децата, со тоа што, сцената каде принцот ја бакнува принцезата додека спие, е типичен пример на сексуално вознемирување бидејќи бакнежот е едностран.

Таа го замоли училиштето каде учи нејзиниот шестгодишен син Бен, да ја отстрани „Заспаната убавица“ од својата програма.

– Во „Заспаната убавица“ имаме класичен пример за сексуално вознемирување без согласност од другата страна. Дали е тоа нормално? – наведе Хол.

Таа оценува, дека бајката не треба да биде забранета, туку дека „Заспаната убавица“ треба да ја читаат повозрасни деца бидејќи е совршен повод за дискусија за тоа како принцезата се чувствувала и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top