четврток, 22 февруари 2018 | Вести денес: 125 ново

Воздухот во Скопје само два часа не бил загаден

Во изминатите 24 часа во Скопје само два часа воздухот не бил загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките во рамки на дозволеното до 50 микрограми се забележани во 15 часот на мерните станици во Гази Баба и Лисиче и во 16 часот во Гази Баба. Во останатиот дел од деноноќието во сите делови концентрациите биле неколкупати над дозволеното достигнувајќи и до 470 микрограми на метар кубен.

Во Центар на мерната станица концентрациите се движеле од 74 до 152 микрограми. Во Гази Баба од 90 до 257 микрограми, во Карпош од 84 до 297, во Лисиче од 82 до 470 микрограми и кај Ректорат 95 до 277 микрограми.

Загадувањето најголемо било во Лисиче од 21 часот синоќа до полноќ кога концентрациите во континуитет биле над 400 микрограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top