среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 61 ново

Мигрантите донесоа сексуално насилство: Над 200.000 силувања во ЕУ за само една година

Еуростат објави дека полицијата во земјите членки на ЕУ, забележала во текот на 2015. година 215.000 сексуално кривични дела, од кои вкупно 80.000 се водат како силувања.

Евростат ги објави податоците по повод Меѓународниот ден на елиминација на насилство над жените, што традиционално се одбележува на 25 ноември.

Според овие податоци, повеќе од 90 проценти од жртвите на силување и повеќе од 80 проценти од жртвите на сексуални напади биле девојки или жени.

Се наведува дека најголем број кривични дела се забележани во Англија и Велс, потоа во Германија, Франција и Шведска. Земји во кои се стационирани најголем дел од мигрантите од Блискиот Исток.

Еуростат наведува дека податоците не секогаш ја презентираат реалната бројка на сексуално кривични дела, туку само оние кои биле пријавени кај надлежните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top