среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Наследникот на Мугабе полукав од диктаторот – долго му бил десна рака

По четири децении во сенката на Роберт Мугабе, неговиот наследник Емерсон Мнангава застана на чело на Зимбабве. Новиот претседател вчера го одржа својот прв говор, во кој на народот му вети нова ера.

„Се колнам дека ќе бидам ваш слуга и ќе работам за вас. Ги повикувам сите на единство. Никој не е поголем од другиот. Да имаме развиена економија, мир во земјата и работни места за сите.“ – изјави Ернест Мнгава.

Мнангава или крокодилот, како што го нарекуваат поради политичката лукавост и безобзирност долго време му беше десна рака на Мугабе, се додека тој лично не го разреши и протера од земјата. Сега со поддршка токму од луѓето на Мугабе, Мнангава се враќа во земјата и ја презема власта во Зимбабве.

Новиот претседател и е познат на меѓународната заедница, а веќе е на списокот на санкции на САД, поради политичко насилство и прекршување на човековите права. Целиот пресврт во земајта пак, започна со акцијата на војската која ги блокираше државните институции и го притвори Мугабе и неговото семејство. Долгодишниот лидер се обиде да ја задржи власта, меѓутоа, не доби поддршка ниту од неговата партија. На сообраниската седница за негово разрешување, тој со писмо ја соопшти оставка. Крокодилот засега ветува дека нема да го гони Мугабе, и му нуди да остане во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top