среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Јаневски: Дојдовме да постигнеме гол против една од најдобрите екипи во Лига Европа

Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски, за очекувањата околу натпреварот со Зенит, тим за кој говори во „суперлативи“, но верува во своите избраници дека ќе може да одиграат хомогено и дека тоа може да донесе позитивен резултат од ова тешко гостување.

Јаневски потоа одговораше на прашања од медиумите кои беа присутни на оваа прес конференција.

„Нема што многу да зборуваме, знаеме со каков противник играме. Зенит не е само обичен тим, туку е еден од најдобрите во нашата група, но и воопшто во Лига Европа. Зенит не губи на домашен терен, но ние доаѓаме подготвени за овој меч, знаеме дека имаме добар тим и ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра. Сите фудбалери со голема желба ќе истрчаат на теренот и ќе докажат дека и последниот меч со Зенит не беше мерило за нашиот квалитет. За добар резултат ќе ни треба добра организација во играта и во одбраната и во нападот, ќе ни треба тимска и хомогена игра. Дојдовме тука да не се затвориме и да играме што се вели на „нула“, туку ќе настојуваме да дадеме гол. Ако сакаме добар резултат ќе треба да направиме се да го сочуваме својот гол исто така како и да дадеме гол. Да се покажеме во подобро светло, и да направиме напредок и во игра и во резултат“, изјави Јаневски.

Вардарци на ниски температури и во снежни услови го одработија и единствениот тренинг пред утрешниот меч кој ќе се игра на новиот стадионот „Крестовскиј“ во Санкт Петербург во терминот од 19 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top