понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 101 ново

Како да дознаете кој ви го краде интернетот?

Ако вашата мрежа е обезбедена со тајна лозинка, извршени се проверки од страна на провајдерот и сè е во ред од нивна страна, а интернет-врската и понатаму е слаба, или пак ако забележувате некои други чудни работи на компјутерот, време е да го тестирате бројот на корисници што ја користат вашата мрежа, пишува „Факултети.мк“.

„Кој е на мојата безжична мрежа“ (Who is on my WiFi) е едноставна програма за откривање корисници прикачени на некоја безжична мрежа.

По инсталацијата ќе добиете основно објаснување за начинот на користење на апликацијата, како и опција да ја скенирате вашата мрежа. Тогаш ќе се појави табела со сите приклучени уреди, каде што се гледа MAC-адресата, како и локалната IP-адреса.

Доколку имате многу поврзани уреди, најлесниот начин за идентификување е да ги исклучите еден по еден. Погледнете како функционира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top