среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 2 ново

Словачката полиција се распореди да ја чува македонската граница

Единаесеттата ротација на припадници на словачката полиција пристигнаа во Македонија, согласно Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, соопшти денеска словачката Амбасада.

Единицата од 15 словачки полицајци е последната ротација за 2017 година. Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде распоредена во областа на Дојранско езеро.

Полицајците се опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Словачка од март минатата година испрати во земјата вкупно 235 полициски службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top