вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 99 ново

Кој е човекот кој го симна Марк Закерберг од тронот?

Фејсбук и Инстаграм не му помогнаа на Марк Закерберг да остане на врвот ниту по глобалното влијание, ниту по богатството.

Новиот господар на социјалните мрежи пристигнува од Кина и нема намера да се откаже. Него го нарекуваат кинескиот Закерберг, а станува збор за милијардерот Ма Хуатенг, кој води успешен бизнис.

Ма завршил одлична работа со вложувањето во “Snapchat” и “Tesla Motors”, а благодарение на новите деловни потфати, неговото богатство вреди повеќе од богатството на Марк.

Кинескиот милијардер има многу поширок спектар на интереси во однос на Закерберг, па затоа не е ни чудно што го престигнал на листата на најбогати и највлијателни IT луѓе на светот. Главната причина за триумф е “Tencent Holdings”, која официјално е и најуспешната компанија која се занимава со социјални мрежи. Нејзината вредност е проценета на преку 500 милијарди долари со што Хуатенг е побогат не само од Марк, туку и од Пејџ и Брин – основачите на “Google”.

Со излегувањето на “Tencent Holdings” надвор од рамките на кинескиот пазар во кој доминира, се очекува уште поголем раст на компанијата и поголемо богатство на нејзиниот сопственик – Ма Хуатенг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top