среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Да му помогнеме на директорот Донев поевтино да лета, поевтино да нѐ чини

Директорот на државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев убедува дека Агенцијата со која директорува троши строго домаќински. За домаќинско работење го смета и фактот дека само до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис-класа. На сите други патување летал со економска класа или со нискобуџетни летови.

Донев присуствувал на Светскиот самит за авантуристички патувања што се одржа во октомври во Буенос Аирес, а одлучил да лета во бизнис-класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци.

-Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги реализира буџетските трошоци строго наменски и домаќински. Првпат летав со бизнис класа за Аргентина бидејќи патот е долг, повеќе од 17 часа, а имав набиена агенда, голем број состаноци кои бараат ефикасност. На сите други патување сум летал со економска класа или со нискобуџетни компании, вели директорот Донев за СДК.мк по прозивките на социјалните мрежи.

Тој вели дека авионската карта до Аргентина во бизнис-класа била 30 отсто поскапа од онаа во економска класа, односно економска класа чинела околу 180.000 денари, а бизнис околу 220.000 денари.

Со неговата изјава не се согласуваат граѓани, кои на социјалните мрежи веќе се ангажираа да му најдат поевтини билети за Аргентина на директорот Донев.

Александар Донев е истакнат активист на Шарената револуција, кој стана државен службеник викајќи „ружна ви е владата“.

Донев не се стегаше и кога требаше да се удри по полицијата.

 

Донев, пред да стане директор во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беше претседател на здружение за промоција и поддршка на одржлив туризам и одговорни активности во природа „Мастсидонија“ (Mustseedonia) и консултант на повеќе меѓународни проекти за туризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top