понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 50 ново

Наместо да остане во „главата на Груевски“, двојазичноста целосно ќе се спроведе во Велес, Прилеп, Скопје (ВИДЕО)

Двојазичноста не беше предизборна реторика на ВМРО-ДПМНЕ покажува развојот на настаните по први јуни. Законот за јазиците влезе во Собранието со европско знаменце, а одредбите од законот ќе влезат во секојдневниот живот на Македонците наместо да останат во „главта на Груевски“, како што уверуваше СДСМ.

Емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија направи анализа на новиот Предлог закон за јазици, со кој Македонија и дефинитивно ќе стане двојазична.

 

Законските измени ќе му дозволат на Талат Џафери собраниските седници да ги води на албански јазик, a унапредување на албанскиот јазик ќе има и на седниците на владата каде министрите досега немале право да говорат албански, но сега ќе ја добијат можноста да го користат албанскиот јазик во севкупното функционирање на владата, како усно така и писмено.

Албанскиот јазик станува службен и во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенции, дирекции и други правни лица. Како за пример се напоменати УЈП и Фондот за здравствено осигурување.

Интересно е тоа што на пример градовите Велес и Прилеп иако не се двојазични, но граничат со двојазични општини и поради оваа причина сите подрачни канцеларии на централните институции во овие општини ќе станат двојазични.

Граничните премини и аеродромите исто така ќе подлежат под овој закон и ќе добијат двојазични табли. На пример аеродромот Александар Велики ќе добие свој превод Aleksandri I Madh, а полицијата, пожарникарските единици и здравствените работници ќе добијат двојазични униформи.

Спроведувањето на законот ќе го следи Инспекторат за употреба на јазиците кој ќе ги казнува институциите кои нема да се придржуваат до законот ќе бидат казнети од 4 до 5 илјади евра како и 30 проценти од сумата за надлежното службено лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top