среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Роналдо се налути: Зборувам едно, пишувате друго, зошто тогаш ме прашувате!? (Видео)

Реал Мадрид славеше на гостувањето против АПОЕЛ со 0:6 во рамките од петото коло во Лигата на шампионите, Кристиано Роналдо во овој натпревар беше стрелец на два погодоци.

Португалецот со двата гола стигна до 18 погодоци во Лигата на шампионите во една календарска години, а тоа не му успеало на ниту еден друг фудбалер во историјата. Покрај тоа со 98 погодоци за Реал во Лигата на шампионите стана играчот со најмногу погодоци за еден клуб во ова натпреварување и така го надмина Лионел Меси.

Новинарите го пречекаа Роналдо во микс зоната, но ѕвездата на Реал Мадрид не беше заинтересирана за разговор, па само одговори: „Зборувам едно, а вие пишувате сосема нешто друго. Зошто тогаш ме прашувате?“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top