среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Едно место остана празно во куќата на Брена – Пријовиќ не дојде на славата кај свекрвата!

Како што сите веќе знаат, пејачката Лепа Брена денеска ја слави славата Архангел Михаил, а на славата присутните се збунија од атмосферата и едното празно место.

Имено синоќа многу познати личности пристигнаа во домот на Брена каде што се славеше големиот верски празник.

Но сите се прашуваа зошто синот на Брена е сам и на славата не е дојдена неговата девојка, пејачката Александра Пријовиќ.

Причината набрзо беше откриена. Имено Александра Пријовиќ не присуствувала на славата кај својата свекрва, бидејќи нејзината мајка исто така го прославувала вчерашниот празник, па таа заминала дома во родниот крај.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија под која напиша:

-Среќна слава на сите кои ја слават. Мама и дедо- напиша таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top